Илон Маск сака да го врати Vine, за да го нападне TikTok

Објавено на 02.11.2022 во Новости



Илон Маск сака да го врати Vine, за да го нападне TikTok

TikTok за кратко време стана една од најпопуларните социјални мрежи и видео сервиси со големо влијание во виртуелниот и вистинскиот свет. Порано имаше обид за подигнување на видео сервис од Џек Дорси - Vine, меѓутоа, проектот беше неуспешен и лично тој го згасна.

Vine има шанса повторно да заживее благодарение на Илон Маск, кој размислува за згаснатиот сервис. Маск на Twitter објави прашање за своите пријатели, дали сакаат да им го врати Vine, на што 2 милиона корисника одговориле, од кои 70% биле со потврден одговор.