Илон Маск наскоро воведува опција што одамна се бара на Twitter

Објавено на 03.11.2022 во Новости



Илон Маск наскоро воведува опција што одамна се бара на Twitter

Шпекулации постојат за воведување на нова опција за уредување на твитови, кои што ќе бидат достапни за сите. Џек Дорси во сите овие години одбиваше да ја воведе оваа опција, се додека не ја добија претплатниците на Twitter Blue

Наскоро оваа опција би можела да стане бесплатна за сите. Корисниците во рок од 30 минути од објавата на твитот, ќе може да прават промени. Сите правописни грешки или грешни факти што ќе се случат во брзина, лесно ќе може потоа да бидат променетибез потреба да се избрише цел твит.