WhatsApp ги организира сите групи на едно место за полесна комуникација

Објавено на 04.11.2022 во Новости



WhatsApp ги организира сите групи на едно место за полесна комуникација

WhatsApp Communities, е новата заедница во апликацијата, замислена за корисниците да бидат како соседи, со групи на родители од училиштето или група на колеги од работа, кои може да направат спој на неколку групи на едно место и да организираат групни разговори. 

Во превод WhatsApp Communities ќе овозможи повеќе групи да се спојат на едно место, што досега беше невозможно. За отварање на нова Заедница, треба да кликнете на опцијата "New Community“. Потоа во Заедницата додавате групи или отварате нови групи. Кога корисникот ќе ја одбере Заедницата, ќе може да скока од една група во друга, а администраторите ќе може истовремено да испраќаат информации до сите.