Twitter прави тотален ресет со масовни откази, вработени ќе го тужат Маск

Објавено на 05.11.2022 во Новости



Twitter прави тотален ресет со масовни откази, вработени ќе го тужат Маск

Со преземањето на Twitter од страна на Илон Маск, започнаа масовни отпуштања, прво на директори, а потоа и на работници. Според законот на Калифорнија, во компанија со голем број на вработени е забрането отпуштање без претходна најава. 

Во таквите ситуации вработените мора да добијат известување 60 дена порано за да може да најдат нова работа. Во Twitter само ги известиле вработените да се подготват за мејлови во кои што ќе ги известат за новата ситуација, односно дали ќе останат на работа или ќе добијат отказ.

Поради таа причина вработените ќе го тужат Маск, поради ненајавено отпуштање и поради тоа што директорите не смеат да свикуваат никакви состаноци. Работниците велат дека таму е исто како да се работи за Гестапо.