Street View е следната апликација на листата за гасење на Google

Објавено на 05.11.2022 во Android



Street View е следната апликација на листата за гасење на Google

Street View е следната апликација што Google ќе ја згасне, затоа што Google Maps веќе ја има оваа опција во својата апликација. Street View нуди преглед на улиците во агол од 360° во речиси секоја улица на целата планета Земја, затоа е одлична алатка за патување кога сакате да го истражите новото место или ви треба нешто да пронајдете полесно од дома.

Street View беше достапна за Android и за iOS, а од Google Play Store e преземена досега над 1 милијарда пати. Google нема коментар зошто ја згаснува апликацијата, која згаснува официјално на 31 март, 2023 година.