Samsung Galaxy S23 Ultra ќе биде со камера со резолуција од 200MP

Објавено на 07.11.2022 во Новости



Samsung Galaxy S23 Ultra ќе биде со камера со резолуција од 200MP

Следниот Galaxy S23 Ultra ќе биде со Qualcomm Snapdragon 8 Gen 2 процесор и веројатно ќе пристигне во неколку верзии во зависност од количината на меморијата. Се разбира, Android 13 спаѓа тука со два вида на процесора, на едниот пазар би биле достапни модели со Snapdragon процесори, додека за другите пазари ќе бидат наменети Samsung Exynos процесорите. 

Моделот S23 Ultra би требало да пристигне и со камера со резолуција од дури 200MP, телефото перископска камера од 10x зум со резолуција од 10MP, и уште една камера од 10MP со троен зум и 12MP ултра-широка леќа. Станува збор за сличен систем на камери, како и кај актуелната генерација на овој телефон, а најголемата промена ќе биде кај главната камера, затоа што резолуцијата се зголемува од 108 на 200MP.