Креаторите сега може да создаваат и продаваат NFT преку Instagram

Објавено на 07.11.2022 во Крипто



Креаторите сега може да создаваат и продаваат NFT преку Instagram

На крајот од годината на Instagram најавија дека работат на спецификациите за NFT на својата социјална мрежа. Милиони долари се вложени на виртуелни куќи, бродови, први твитови и други облици на дигитална содржина, но од денешна перспектива, многу трансакции изгледаат како промашена инвестиција.

NFT ви овозможува потврда за сопственост над дигитален имот, што би можело да биде од голема важност во иднина, особено во Meta, доколку идејата биде целосно реализирана. Instagram најави дека сите креатори на оваа социјална мрежа ќе добијат можност за креирање и директна продажба на сопствени NFT токени на Instagram и надвор од него. Продажбата ќе биде овозможена за сите апликации на iOS и Android.