Meta оваа недела планира да отпушти илјада вработени

Објавено на 08.11.2022 во Новости



Meta оваа недела планира да отпушти илјада вработени

Цената на акциите на Meta на берзата е во голем пад. Минатата година во овој период цената на акцијата беше 300 долари, а сега е во константен пад и изнесува под 100 долари. Како најголем проблем аналитичарите и инвеститорите сметаат дека е вложувањето во metaverse, за кое што не се знае дали ќе се исплати.

Поради моменталната глобална инфлација и економска неизвесност, компаниите ги намалуваат своите буџети за рекламирање, што директно ги погодува компаниите како што се Meta и Google, за кои најголемиот извор на пари се рекламите. Според медиумите, компанијата сега размислува за штедење, што не е добро за вработените, затоа што следуваат откази за илјадници вработени.