Airbnb конечно ги послуша критиките на корисниците

Објавено на 09.11.2022 во Новости



Airbnb конечно ги послуша критиките на корисниците

Корисниците го критикуваат Airbnb со години, затоа што при пребарувањето не им се прикажуваат трошоците за чистење, така што вкупната цена не е со вкалкулирано чистење. Цената за престој е нереална, па така Airbnb планира сега тоа да го промени.

Од декември корисниците ќе може да ја активираат опцијата за да им се прикажува и трошокот за чистење покрај трошокот за сместување. Брајан Чески, првиот човек на компанијата официјално изјави дека вкупната цена на сместувањето ќе се прикажува на мапата при пребарувањето, со платено чистење.