Apple ќе има проблем со испорака на милиони iPhone телефони

Објавено на 09.11.2022 во iOs



Apple ќе има проблем со испорака на милиони iPhone телефони

Голем скандал има со пандемијата во Foxconn, а хаос настана откако вработените почнаа да бегаат од фабриката и пешачеле по десет километри. Сето тоа негативно ќе влијае врз Apple и продажбата на iPhone. Американските компании веќе предупредија за ова и најавија доцнење во испораката на новите модели на телефони што се произведуваат во таа фабрика.

Apple нема коментар за ова, но според информациите на интернет, се спомнува намалување на испораката на повеќе од еден милион iPhone телефони. На Bloomberg се спомнува намалување од 3 милиони, додека аналитичарот од Bank of America, Вомзи Моан вели дека Apple би можел да испорача дури и 6 милиони iPhone телефони помалку од планираното.