Fitbit развива носечки уред наменет за деца

Објавено на 10.11.2022 во Смарт часовници



Fitbit развива носечки уред наменет за деца

Медиумите откриле некои детали за нов уред што ја работи екипата во Fitbit. Станува збор за носечки уред за деца што ќе имаат опции што би требало да им помогнат на најмладите што подобро да се снајдат во дигиталниот свет, но и нивните родители. 

Кодното име на уредот е Project Eleven (добро познато име на љубителите на Stranger Things серијата од Netflix) и Fitbit веќе направи прототипови со екранот,но и без него. Деталите остануваат непознати, а достапните информации велат дека уредот ќе биде дизајниран со цел да им помогне на постарите деца во остварувањето на здравите односи со нивните телефони и социјалните мрежи. Целта е да се помогне во остварување на некакви дигитални рамнотежи и да ги предупредува да не минуваат премногу време на екранот, туку да прават физички активности.

Поддршка за мобилна мрежа ќе има, како и GPS, што ќе биде особено важно за родителите, со цел да може да ги контактираат и лоцираат. Изгледа дека Google планира да го понуди својот уред, а можеби и некои дополнителни сервиси поврзани со нив преку месечна претплата. Неговото лансирање е планирано за 2024 година.