За само 10 дена новата верзија на Call of Duty заработи милијарда долари
Објавено на 10.11.2022 во Игри
Activision се пофали дека само за 10 дена од лансирањето, нивната најнова игра Call of Duty Modern Warfare II веќе заработи милијарда долари. Станува збор за рекордни бројки за франшиза, со кои што го надмина рекордот од Call of Duty: Black Ops II, која пред десет години направи милијарда долари за 15 дена.
Во текот на првите десет рекордни дена, гејмерите одиграле над милијарда мечеви на своите платформи(комојутери, Xbox и PlayStation), при што со CoD поминале над 200 милиони часови. Како клучна причина што стои зад овој рекорд на Tech Spot е Steam. За прв пат после пет години новата верзија на Call of Duty е достапна на оваа платформа за видео игри и токму CoD е моментално најпродаваната игра на Steam.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.