Honor Magic Vs ќе биде новиот преклопен телефон достапен и во Европа

Објавено на 11.11.2022 во Преклопни уреди



Honor Magic Vs ќе биде новиот преклопен телефон достапен и во Европа

Honor ја најави втората генерација на својот преклопен телефон Honor Magic Vs, кој пред светот би требало да биде претставен на 23 ноември во Кина. Honor Magic Vs ќе биде првиот преклопен телефон на Honor достапен во Европа.

Според неофицијални информации, преклопниот телефон на Honor ќе биде достапен во Европа на почетокот на 2023 година. Се очекува да пристигне со Snapdragon 8+ Gen 1 процесор, дологтрајна батерија и можност за 5G мрежа. Цената во Европа се очекува да биде околу 1380 евра.