Во 2023 започнува производството на новиот Apple AR/VR уред, ќе чини дури 3.000$

Објавено на 11.11.2022 во Смарт



Во 2023 започнува производството на новиот Apple AR/VR уред, ќе чини дури 3.000$

Apple започнува нова етапа на пазарот за виртуелна реалност. Наскоро би требало да дознаеме како ќе изгледа новиот AR/VR уред. На почетокот на 2023 година започнува производството на очила за виртуелна и проширена реалност. За нивното производство ќе биде задолжена компанијата Pegatron.

Станува збор за премиум уред што нема да може секој да го купи. Се спомнува цена и до три илјади долари, но тоа е сепак само претпоставка. Новиот Apple AR/VR уред ќе биде направен од лесни материјали, алуминиум, ткаенина и стакло, ќе има опција за скенирање на очите за биометриска безбедност и за плаќање. Ќе има 14 камери, од кои две ќе бидат наменети за опција за контролирање и управување со рацете.