Amazon го претстави роботот Sparrow за пакување во магацин

Објавено на 13.11.2022 во Смарт



Amazon го претстави роботот Sparrow за пакување во магацин

Amazon го претстави „новиот интелигентен роботски систем“, кој што би требало да го поедностави процесот на исполнување на нарачки во магацините. "Sparrow" е робот што ќе помага на вработените во магацините, во одделот за одбирање на поединечни производи внатре во нарачката.

Sparrow се придружува на роботот Robin и претходно најавениот Cardinal, со цел да го олесни притисокот врз вработените во текот на најработниот месец во годината - декември. Неговата задача ќе биде да преземе репетитивни задачи и да ја зголеми ефикасноста во магацините на Amazon. 

Автор: Aleksandar Stankov