Маск ги предупредува вработените на Twitter - Можност за банкрот

Објавено на 13.11.2022 во Новости



Маск ги предупредува вработените на Twitter - Можност за банкрот

Илон Маск пред две недели официјално ја презема сопственоста над Twitter и нештата целосно се променија. Еден од првите потези што Маск ги направи беше отпуштање на неколку директори и речиси половина од вработените. Тој објасни дека тоа е неопходно, затоа што Twitter губи многу пари.

Вработените што останаа на работа, повторно се во знак прашалник на работното место, затоа што Илон Маск тврди дека банкрот е многу веројатно дека може да се случи. Маск напиша дека "Twitter нема да може да ги преживее наредните економски проблеми“, доколку не ги зголеми приходите од претплата и така да го надополни губитокот од рекламите.