Збогум Hyperloop, заврши проектот од иднината

Објавено на 13.11.2022 во Новости



Збогум Hyperloop, заврши проектот од иднината

Hyperloop беше една од визиите на Илон Маск, прескапа за реализација, чија цел беше да го трансформира јавниот транспорт и начинот на патувањето воопшто. Револуционерниот начин на патување функционира со магнетна левитација и вакум цеви, преку кои со големи брзини требаше да минуваат капсулите за превоз на луѓе.

Станува збор за брзини од околу 1000 километри на час, што значи дека овој систем би можел да го замени патувањето со авиони. Подземните тунели што ги направи Илон Маск во Лас Вегас се наменети всушност за електричните возила Tesla, што значи дека веќе треба да се збогуваме со Hyperloop.