Илон Маск ќе го врати Twitter Blue за една недела

Објавено на 14.11.2022 во Новости



Илон Маск ќе го врати Twitter Blue за една недела

„Очекуваме Twitter Blue да се врати на крајот на следната недела“, изјавил шефот Илон Маск во саботата.

Twitter во петокот ја спречи својата нова услуга-претплата со 8 долари, со која што се добива сина значка како потврда за автентичност на профилот, затоа што нејзиното воведување резултирало со бројни лажни профили со потврда за автентичност, како што се „автентичните“ профили Исус Христос или Џон Ленон.