Huawei демантира дека ќе го врати Kirin процесорот за P60 серијата во 2023

Објавено на 14.11.2022 во Новости



Huawei демантира дека ќе го врати Kirin процесорот за P60 серијата во 2023

И покрај тоа што Huawei ги има сопствените чипови Kirin, дизајнирани од HiSilicon, поради правилата за извоз, не смее да ги вгради своите чипови во телефоните поради забрана од САД. Qualcomm доби дозвола од САД за да обезбеди 4G верзии за најновите чипови на Huawei.

Сепак има начин како Huawei телефоните да добијат 5G сигнал. Компанијата Soyealink продава футроли за Mate 50 серијата, која што им овозможува на телефоните да се конектираат на 5G сигнал. Специјалните 5G футроли ќе се продаваат за 113 долари со мрежа до 6GHz за сите модеи на Mate 50 серијата. Имаше и шпекулации дека Huawei ќе ги врати Kirin чиповите во 2023 година, но компанијата официјално ги демантираше овие информации. 

Автор: Aleksandar Stankov