Кинеските YouTube-ри го направија првиот преклопен iPhone

Објавено на 17.11.2022 во Преклопни уреди



Кинеските YouTube-ри го направија првиот преклопен iPhone

Повеќето од најпопуларните мобилни компании веќе го претставија својот преклопен модел, но од Apple се уште нема ништо. Тим Кук не се брза никаде. Според тајните извори, Apple секако работи на преклопен iPhone, односно iPad со флексибилен екран, но тоа ќе се реализира за две години, доколку шпекулациите се вистинити.

Кинеските YouTube-ри од каналот Technological Aesthetics на YouTube, за 200 дена и неколку илјадници долари го креирале првиот преклопен iPhone. Прототипот се нарекува iPhone V, а изработен е со стари делови од iPhone X и преклопниот модел Motorola Razr