Nintendo нема да поправа конзоли на некултурни корисници

Објавено на 17.11.2022 во Игри



Nintendo нема да поправа конзоли на некултурни корисници

Незадоволните корисници од услугите или производите што ги купиле, нема да добијат поправка на конзолата доколку се некултурни кон корисниците. Незадоволните корисници често тропаат на погрешна адреса, па поради политиката на компанијата или неисправниот уред, настрадуваат агентите или сервисерите. 

Корисниците кон нив често знаат да бидат агресивни, ги навредуваат или ги псуваат. Nintendo сака да стави крај на таа пракса, кои од минатиот месец ги дополниле условите за користење на своите производи и услуги, во делот што се однесува во однос на корисниците, односно купувачите на Nintendo уреди кон вработените.