Samsung и Google наводно работат на нов чипсет за следните Galaxy S модели

Објавено на 18.11.2022 во Android



Samsung и Google наводно работат на нов чипсет за следните Galaxy S модели

Интересни вести протекоа на Twitter од @OreXda. Корисникот Connor тврди дека Samsung развива Tensor чип заедно со Google и AMD графика за чипсет што би бил готов во 2025 година, наменет за Galaxy S линијата.

На твитот пишува дека „ова би можело да биде најстабилниот и најмоќниот процесор на Galaxy "Phone"“. Според Wccftech, чипот би имал две јадра од Cortex-X со високи перформанси, четири јадра со помала брзина и четири „енергетски ефикасни“ јадра. Се разбира, оваа вест не е официјално потврдена ниту од Samsung, ниту од Google.