Samsung е добитник на 46 Награди за иновации на CES 2023

Објавено на 19.11.2022 во Новости



Samsung е добитник на 46 Награди за иновации на CES 2023

Самсунг беше награден за својата посветеност да обезбеди совршено поврзано, приспособливо корисничко искуство и да придонесе за еколошки свесен свет и одржлив развој

Компанијата Samsung Electronics, глобален технолошки лидер, денеска објави дека 46 од неговите нови производи освоиле награди за иновации на CES® 2023, вклучувајќи и три награди за најдобри иновации од Здружението за потрошувачки технологии (CTA)®. Оваа годишна програма го наградува исклучителниот дизајн и инженеринг во различни категории на производи со технологија за широка потрошувачка.

Samsung доби признанија во различни категории, потврдувајќи ја посветеноста на компанијата да обезбеди совршено поврзано, приспособливо корисничко искуство, како и да придонесе за еколошки свесен свет. Со одржливоста во срцето на сè што прави Samsung, потрошувачите се поканети да и се придружат на компанијата во правењето промени во секојдневниот живот кои имаат конкретно влијание врз животната средина. Смелите нови идеи се претворени во акција, вклучително и инвестирање во одржливи материјали, зголемена енергетска ефикасност на производите и одговорно рециклирање, како и обновени и поправливи уреди, истовремено намалувајќи го јаглеродниот отпечаток на компанијата со користење 100% обновлива енергија во сите капацитети во САД, Европа и Кина.

Производите на Samsung беа наградени за иновации во категориите дигитално сликање/фотографија, мобилни уреди и додатоци, игри, дигитално здравје, технологија за носење и видео дисплеи, домашни AV компоненти и додатоци, софтвер и мобилни апликации. Некои од овие наградувани производи вклучуваат еколошки карактеристики, како што се телефоните Galaxy Galaxy Z Flip4 и Galaxy Z Fold4, кои се направени од пренаменети рибарски мрежи и спакувани во 100% рециклирана хартиена амбалажа. Компанијата ја доби престижната награда за најдобра иновација во категориите помошна и дополнителна компјутерска опрема, видео приказ и сајбер безбедност и лична приватност.

Наградите за иновации се спонзорирани од CTA, која е домаќин и го организира CES – признат во светот како глобална сцена за иновации и највлијателен технолошки настан во светот. CES 2023 ќе се одржи од 5 до 8 јануари во Лас Вегас. CTA ќе го искористи овој настан за официјално да ги додели претходно споменатите награди.

Автор: Aleksandar Stankov