Маск го враќа Трамп на Twitter, но дали ќе се врати?

Објавено на 20.11.2022 во Новости



Маск го враќа Трамп на Twitter, но дали ќе се врати?

Илон Маск е новиот шеф на Twitter, кој најави дека ќе го врати профилот на поранешниот американски претседател Доналд Трамп.

Социјалната мрежа за Трамп беше забранета, после нападот во Capitol Hill во Вашингтон, јануари, 2021 година.

„Луѓето го рекоа своето. Трамп ќе биде вратен, објавил Маск после резултатите од анкетата за неговите претплатници, од кои повеќето гласале „за“ враќање на републиканскиот политичар на twitter платформата. 

Во анкетата се опфатени 15 милиони корисници на Twitter, од кои 51.8% гласале за враќање.