Google Play Protect ќе ве спасува од штетни апликации

Објавено на 20.07.2017 во Новости



Google Play Protect ќе ве спасува од штетни апликации

Google воведе уште една алатка за поголема безбедност при инсталирање на апликации од Play Store со услугата Google Play Protect која сега е достапна на поширокот ниво. Истата работи во позадина и врши скенирање на новите апликации кои ги симнувате за Android уредите.

Ако Google Play Protect забележи дека одредени апликации не се во согласност со правилата за безбедност или се потенцијално опасни веднаш ќе ги блокира и ќе го извести корисникот за постапката. 

За да се активира Google Play Protect треба само еднаш да влезете во менито за Security каде ќе ја најдете новата алатка. Google Play Protect е компатибилна со Play Store 11 или понова верзија па затоа се препорачува и овој дел од сервисите на Google да го апдејтирате. 

Со Google Play Protect треба да се спречи ширење на малвер и друг вид на штетен софтвер кој незабележително се протнал во Play Store. 
 





 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm
 


{}