Galaxy S23 Ultra би можел да ја добие најдобрата камера

Објавено на 23.11.2022 во Android



Galaxy S23 Ultra би можел да ја добие најдобрата камера

Galaxy S23 Ultra ќе ја има најдобрата камера на сите времиња досега. Спецификациите што излегоа во јавноста го докажуваат тоа. 

Според ликстерот Јогеш Брар, камерата на Galaxy S23 Ultra ќе биде 200MP + 10MP (10X, Periscope Tele) + 10MP (3x Tele) + 12MP (UW). Деталните спецификации на камерата би биле следните:

- Главна камера: 200MP Samsung ISOCELL 1/1.3" sensor with 0.60 micron pixel size
- 3x телефото камера: 10MP, големина на сензор: 1/3.52"; Големина на пиксел: 1.12 μm
- 10x перископска камера за зумирање: 10MP, големина на сензор: 1/3.52"; Големина на пиксел: 1.12 μm
- Ултра-широка камера: 12MP големина на сензор: 1/2.55"; Големина на пиксел: 1.4 μm