PlayStation 6: Протекоа првите информации

Објавено на 25.11.2022 во Игри



PlayStation 6: Протекоа првите информации

Аналитичарите предвидуваат дека иднината на пазарот со видео игри му припаѓа на стримингот, но тоа значи дека нема да има потреба од купување на скап хардвер, затоа што целата процесорска и графичка функција ќе се извршува со помош на cloud. Така игрите ќе може да се играат на телевизор, мобилен или некој евтин уред.

За играње преку cloud ќе биде потребна претплата на гејмерски сервис и интернет конекција, слично како што е Netflix, но за видео игри. Microsoft и Sony веќе ги претставија своите гејмерски сервиси: NVIDIA и Stadia од Google. Прашање е кога ќе го видиме PlayStation 6 и следната генерација на Xbox. Официјално се уште нема информации од Sony.