20.000 вработени ја напуштија фабриката на најголемиот снабдувач на Apple

Објавено на 26.11.2022 во iOs



20.000 вработени ја напуштија фабриката на најголемиот снабдувач на Apple

Масовното напуштање на фабриката ќе го комплицираат процесот на производство со полн капацитет за до крајот на овој месец. Работничките немири направија „земјотрес“ во најголемата фабрика каде што се произведува iPhone. Foxconn одбива да коментира било какви наводи.

Компанијата во четвртокот понудила на вработените 10.000 јуани (1396 долари), за оние што сакале да дадат отказ и да ја напуштат фабриката во хаос. Фабриката во Женгжоу е прв таков случај со немири од страна на работниците во Кина, поради доцнење со плата и фрустрации поради строги ограничувања воведени поради пандемијата.