Meta потврдува дека Марк Цукерберг не отстапува од функцијата извршен директор
Објавено на 26.11.2022 во Новости

Бројот на незадоволни инвеститори и акционери во Meta е се поголем, а причината е тоа што Марк Цукерберг е фокусиран само на metaverse. Секогаш треба да гледате напред и да размислувате за иновациите и производите и сервисите што ќе се користат во иднина, а притоа не треба да се занемари сегашноста.
Цукерберг ги инвестира приходите од Meta од реклами, во metaverse. Проблемот е тоа што не треба да се очекуваат до крајот на оваа деценија некои конкретни и поголеми приходи од metaverse. Значи, одделот на виртуелниот свет на Цукерберг уште неколку години ќе биде вреќа без дно, во која што нема да се гледа заработката на компанијата, а нема и никаква гаранција дека тие инвестиции на крајот ќе се исплатат.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.