Oppo во декември ги лансира преклопните Find N2 и Find N2 Flip

Објавено на 27.11.2022 во Новости



Oppo во декември ги лансира преклопните Find N2 и Find N2 Flip

Oppo кон крајот на минатата година го претстави својот прв модел Find N со преклопен екран, за кого некои аналитичари тврдеа дека е најдобар уред во својата категорија. Екипата од Oppo го спрема новиот модел за пазарот на преклопни смартфони за следниот месец.

Oppo за средината на декември го планира новиот настан Inno Day 2022, кога ќе го претстави наследникот на Find N и новиот модел по примерот на Galaxy Z Flip. Find N2 пристигнува со 7,1 инчен екран кога е отворен, со фреквенција од 120Hz, Snapdragon 8+ Gen 1 процесор, 12GB RAM + 256GB ROM меморија и батерија со капацитет од 4520 mAh. Find N2 ќе има тројна задна камера од 50MP + 48MP + 32MP.

Моделот со вертикално отварање би требало да се нарекува Find N2 Flip, со надворешен екран од 3,26 инчи и кога ќе се отвори да биде 6,8 инчи. Под хауба ќе има MediaTek Dimensity 9000 процесор, 50MP главен сензор и 8MP ултра-широк сензор. Капацитетот на батеријата изнесува 4300mAh.