Илон Маск сака да го направи Twitter независен од Apple и Google!?

Објавено на 28.11.2022 во Новости



Илон Маск сака да го направи Twitter независен од Apple и Google!?

Има големи несогласувања кај девелоперите, на кои што Apple и Google им земаат провизија за секоја трансакција, од 15% до 30%. Илон Маск наводно ќе се обиде да го скрши овој дуопол, кое што го држи целокупниот пазар на смартфони и ги носат одлуките за да извлечат максимален профит.

Моментално нема конкретни планови, но Маск напиша на Twitter дека ќе мора да се одлучи за развој на алтернативен телефон, доколку не му остане друг избор. Причината за таа цел се поврзува со Twitter. Имено, Маск сака да ги зголеми приходите од претплата на својата социјална мрежа, но проблемот е тоа што поради правилата на користење на мобилните апликации, 30% од таа заработка ќе може да ги даде на Apple и Google. Ако дојде до конфликти меѓу нив, тие би можеле да го исфрлат Twitter од нивните продавници за апликации.