Samsung се очекува да го одржи Unpacked на почетокот на февруари

Објавено на 29.11.2022 во Новости



Samsung се очекува да го одржи Unpacked на почетокот на февруари

Најочекуваниот смартфон сега е Samsung Galaxy S23, за кого знаеме дека ќе излезе во февруари. Од ликстерите што речиси секогаш погодуваат, објавена е информација дека новиот Galaxy излегува на почетокот на февруари.

Точното време се уште не е познато, затоа што Samsung нема официјална дата за S23 серијата. На следниот Unpacked настан во 2023 година се очекува да бидат лансирани Galaxy S23, S23+, и S23 Ultra. Голема е веројатноста тоа да се случи на 9 февруари, како минатата Galaxy S22 серија минатата година.