iPhone 15 серијата ќе биде без физички типки

Објавено на 30.11.2022 во iOs



iPhone 15 серијата ќе биде без физички типки

Цела iPhone 15 серија ќе биде со Dynamic Island опција (која оваа година беше претставена само со Pro серијата) и USB-C влез, што е опција која што Apple ја воведува поради притисок од ЕУ околу стандардизација на полначот. Исто така, кај сите модели веќе нема да има класични типки за вклучување/исклучување на уредот, како и зголемување/намалување, туку ќе ги замени типките чувствителни на допир.

За следната година се спомнува и модел iPhone 15 Ultra, кој што ќе биде замена за Pro Max или ќе биде целосно нов модел. iPhone 15 ќе биде со последната сензорска серија на Sony, која што овозможува снимање на фотографии со поголем динамички распон. Тоа доаѓа до израз при преекспонираност на фотографиите, т.е. кога се губат деталите на најсветлите делови на фотографиите со светла позадина. 

Автор: Aleksandar Stankov