Nio ќе го лансира првиот смартфон во 2023 година

Објавено на 30.11.2022 во Електричен погон



Nio ќе го лансира првиот смартфон во 2023 година

Познатиот производител на електрични автомобили Nio, претходно објави дека почнува со развој на смартфон. Извршниот директор на компанијата, Вилијам Ли, изјави дека имаат голем напредок во областа на електричните возила, а сега имаат и два тима што работат на пазарот на смартфони.

Веќе е во фаза на тестирање и првиот прототип на телефон. Резултатите се охрабрувачки, затоа што смартфонот наводно е на ниво на Apple телефон. Се прогнозира дека телефоните на Nio ќе бидат со моќен хардвер и уникатен дизајн. Првиот модел се очекува да биде лансиран во 2023 година.