WhatsApp е на чекор со Slack, воведе опција за четување со самиот себе

Објавено на 01.12.2022 во Новости



WhatsApp е на чекор со Slack, воведе опција за четување со самиот себе

WhatsApp воведува опција за дигитални белешки и "Message Yourself" опција. Таа станува веќе достапна за сите корисници во светот, со која што може да си испраќате порака, потсетник, список за купување и слично. 

Кога го отварате списокот со контакти, на врвот одозгора прво се нуди личното име како контакт за нов чет, и така се отвара нов чет за разговор „со самиот себе“. Слична опција има и Slack. Кликнете на овој линк за да го погледнете видеото.