После состанокот на Маск со Кук, Apple продолжува со рекламирање на Twitter

Објавено на 06.12.2022 во Новости



После состанокот на Маск со Кук, Apple продолжува со рекламирање на Twitter

Apple беше една од компаниите што се откажаа од рекламирањето на Twitter. Илон Маск го обвини Тим Кук дека планира да го забрани Twitter на нивните телефони. Меѓутоа, односите меѓу двајцата лидери се смирени од минатата недела, после посетата на кампусот на Apple од Маск.

Маск и Кук се сретнале во четири очи и ги решиле сите недоразбирања, па дури и оние дека Twitter би бил исфрлен од App Store. Apple тоа никогаш не планирал да го направи, коментирал Маск после состанокот. Значи, Apple продолжува со рекламирањето на Twitter, а истото ќе го направи и Amazon.





Прочитајте повеќе: