Uber и Aurora ќе пуштат автономни камиони за време на празниците

Објавено на 06.12.2022 во Електричен погон



Uber и Aurora ќе пуштат автономни камиони за време на празниците

Uber е познат по такси сервисот, но ја има и платформата Uber Freight која што ги поврзува компаниите што имаат потреба од превоз на товар со камиони и возачи. Со оглед на тоа што на сите им е јасно во оваа компанија дека пазарот радикално ќе се промени, сега се обидуваат да ги постават темелите за идниот начин на автономно возење.

Uber порано го основаше моделот за автономно возење, но на крај го продаде на компанијата Aurora, со која што ја продолжуваат соработката. На крилата на таа соработка излезе и пилот програмата со автономните камиони на Dallas и Houston. Така сега одлучиле за време на празниците да го решат проблемот со преголема побарувачка за транспорт, со помош на автономните камиони.