Крипто-песимизам: Цената на bitcoin би можела да падне на 5 илјади долари

Објавено на 07.12.2022 во Крипто



Крипто-песимизам: Цената на bitcoin би можела да падне на 5 илјади долари

На крилата на bitcoin многумина стекнаа неочекувано богатство, но многумина што веруваа дека ќе им се исплати и ги вложија своите заштеди, сега ништо не им вреди. Највисоката вредност на Bitcoin беше 69 илјади долари и се очекуваше цената да достигне до 100 илјади долари за bitcoin.

Моментално цената на bitcoin изнесува околу 17 илјади долари, а дел од експертите предвидуваат понатамошен пад на вредноста. Шефот на Bybit, Бен Жоу, вели дека влегуваме во ладна крипто зима, која што ќе резултира со нови кризи и ликвидност на крипто берзите со големи отпуштања во таа индустрија, со продолжување на падот на цената на повеќето криптовалути. Цената на Bitcoin се очекува да падне до 5 илјади долари.