Amazon започнува војна со TikTok, стартува со проектот Inspire

Објавено на 09.12.2022 во Новости



Amazon започнува војна со TikTok, стартува со проектот Inspire

TikTok ги зема корисниците на Facebook, Instagram, YouTube и други слични мрежи и видео сервиси. Amazon е исто така загрозен, затоа што брендовите директно се рекламираат на TikTok и преку таа мрежа ги нудат своите производи и услуги, па така помалку се купува преку Amazon.

Amazon сака да го промени тоа, па така ја Inspire, новата мобилна апликација за купување, која што на корисниците ќе им овозможи ново искуство за онлајн шопинг. Таму ќе се прикажуваат кратки видео записи, но и фотографии од производот, како и идеи за шопинг и друга содржина на инфлуенсери и брендови.

Се разбира, корисниците директно од тој дел на мобилната апликација на Amazon и понатаму ќе може да купуваат производи. Со цел да им се прикажува содржина што ќе им биде интересна, корисниците во текот на првото активирање на Inspire, ќе треба да ги одберат своите интереси, како што се видео игри, домашни миленици, дизајн, трчање и така натаму. Содржините така со текот на времето дополнително ќе се прилагодуваат кон корисникот и неговите интереси. 

Автор: Aleksandar Stankov