Apple не мора да го конвертира iPhone од Lightning во USB-C, се до iPhone 17

Објавено на 09.12.2022 во iOs



Apple не мора да го конвертира iPhone од Lightning во USB-C, се до iPhone 17

Минатиот месец, Европската комисија го одобри законот од Европскиот парламент за задолжително воведување на USB-C влез за полнење за сите смартфони. Вклучувајќи го и iPhone. Комисијата одлучи дека новиот закон стапува во сила од декември, 2024 година.

Тоа значи дека Apple може да го замени својот Lightning порт со USB-C влез со следниот модел iPhone 15, т.е. се додека не го лансира iPhone 17 во септември, 2025 година. Фактички, iPhone 17 ќе биде лансиран есента во 2024 година, додека после 3 месеци производите нема да смеат повеќе да се продаваат без USB-C влез.