Уште една позната личност го напушта Twitter!?

Објавено на 10.12.2022 во Новости



Уште една позната личност го напушта Twitter!?

Елтон Џон го напушта Twitter поради неодамнешните промени на социјалната мрежа. „Цел живот ја користев музиката за да ги зближам луѓето. Но, сега ми е жал кога ќе видам како дезинформациите се користат за да се раздели нашиот свет“, објави Џон на Twitter, каде што го следат повеќе од 1,1 милион луѓе.

„Одлучив повеќе да не го користам Twitter, со оглед на неодамнешната промена на политиката, која што со дезинформации ќе овозможи да цветаат без контрола“, додава Џон. 75-годишниот активист и пејачот на хитовите како што се "Tiny Dancer" и "Rocket Man" го напушти Twitter, заедно со манекенката Џиџи Хадид, писателката Шонда Рајмс и поранешниот гитарист од White Stripes, Џеј Вајт. 

„Ја сакам Вашата музика. Се надевам дека ќе се вратите. Има ли некои лични дезинформации што ве загрижуваат“, напишал Илон Маск во коментар на постот на Елтон Џон.

Автор: Aleksandar Stankov