Twitter Blue за Apple корисници ќе биде поскапа за 3$

Објавено на 12.12.2022 во iOs



Twitter Blue за Apple корисници ќе биде поскапа за 3$

После првиот неуспешен обид за стартување на претплатничкиот сервис, Илон Маск следната недела повторно ќе го покрене Twitter Blue. Претплатниците на сервисот ќе ја добијат сината значка за верификуван профил, но претходно ќе мора да го регистрираат својот телефонски број и пред секоја промена на корисничко име или профилна фотографија, сината значка ќе исчезне и корисниците повторно ќе мора да почекаат проверка од Twitter заради веродостојноста на профилот.

Twitter Blue овозможува за корисниците да може да ги уредуваат своите твитови и да прикачуваат видеа со висока резолуција. Цената не е ниска и нема да биде иста за сите. Месечната претплата за Twitter Blue изнесува 8 долари ако ја купувате преку интернет страница, но ако е преку Apple App Store, тогаш ќе биде 11 долари. Веќе неколку пати Маск ја критикува администрацијата на Apple дека зема преголема провизија за преземање преку App Store.