Дали Илон Маск е подготвен за првата аквизиција на Twitter!?

Објавено на 12.12.2022 во Новости



Дали Илон Маск е подготвен за првата аквизиција на Twitter!?

Илон Маск сака да овозможи слобода на говор за Twitter, каде што нема да има забрана на содржини, ниту блокирање од корисници поради споделување на своите ставови и размислувања. Се разбира, мора да постојат одредени граници, а тоа Маск го демонстрираше со контроверзниот рапер Канје Вест, кој што прво го врати на Twitter, а сега повторно го исфрли поради неговите твитови во кои што поттикнува насилство.

Корисниците предвидуваат дека Илон Маск би можел да ја купи претплатничката издавачка платформа Substack, која што станува се повеќе популарна во последните години. Тој вели дека е отворен за таа идеја, но се уште немаме конечен одговор.