Не верувајте во тажните приказни што ви стигнуваат на e-mail

Објавено на 13.12.2022 во Туториали



Не верувајте во тажните приказни што ви стигнуваат на e-mail

Во последните неколку месеци ни пристигнуваат пораки од непознати луѓе со слични тажни приказни, дека или има болен во семејството или некој човек непознат за вас ви оставил големо наследство во странство.

Во едниот случај со најдолгото писмо госпоѓата опишува дека немала деца со мажот што и починал, па така решила богатството од 4.5 милиони долари што го поседува да ви го донира вам, а вие да го донирате во благородни цели. Потоа имате случај за одобрен грант од 500.000 долари и имате наводно говорна пошта од WhatsApp.

Ве молиме, за ваше лично добро, не верувајте во овие кутри приказни, колку и да изгледа пораката добро. Впрочем, пораките најчесто се со граматички грешки на македонски јазик, очигледно се преведени благодарение на Google Translate