Huawei Watch Buds е официјално 2-во-1 смартчасовник со слушалки под хауба

Објавено на 13.12.2022 во Смарт часовници



Huawei Watch Buds е официјално 2-во-1 смартчасовник со слушалки под хауба

Huawei го лансираше и официјално уредот 2-во-1, каде што Bluetooth слушалките се сместени под смартчасовникот. Кога се сместени во часовникот и не се користат, слушалките константно се полнат. Huawei Watch Buds се лансирани само за пазарот на Кина во моментот.

Телото и круната на часовникот се изработени од високо квалитетен нерѓосувачки челик, а AMOLED дисплејот е заштитен од регуларно стакло, со големина од 1.43 инчи и резолуција од 466 x 466 пиксели. Часовникот располага со батерија од 410mAh, што овозможува 3 дена нормално користење за себе и за слушалките. Слушалките се опремени со батерии од 30mAh, и овозможуваат 4 часа слушање на музика или 2,5 часа во повици. Часовникот располага со следните спецификации:

- Прилагодливо осветлување;
- Можност за безжично полнење;
- NFC;
- Акцелерација и жироскоп;
- Отчукувања на срцето;
- Скрининг за атријална фибрилација<
- Опции за електрокардиограм;
- Мерење на ниво на кислород во крвта;
- 80+ режими за вежбање;

Huawei Watch Buds располага со Harmony OS 3 оперативен систем, и има цена од 430 долари, достапен само за кинескиот пазар во моментот. Се уште нема коментари за глобално лансирање на Watch Buds.