OnePlus 11 излегува на 17 декември, со 100W полнач

Објавено на 15.12.2022 во Android



OnePlus 11 излегува на 17 декември, со 100W полнач

OnePlus 11 се очекува да биде лансиран наскоро, конкретно на 17 декември, датата на неговиот 9-ти роденден. OnePlus 11 се очекува да пристигне со 100W полнач и послаба/поевтина верзија OnePlus 11R. OnePlus нема да има “Pro” верзија, туку само OnePlus 11 и OnePlus 11R.

OnePlus предводникот ќе биде со Snapdragon 8 Gen 2 процесор, кружен модул за тројната задна камера со 50MP + 48MP + 32MP. Неговата батерија ќе биде со капацитет од 5,000mAh, 128GB/256GB внатрешна меморија.