Корисниците на YouTube може да добиваат забрана за коментирање од ботови

Објавено на 16.12.2022 во Новости



Корисниците на YouTube може да добиваат забрана за коментирање од ботови

YouTube планира да користи ботови во голема мера, кој најави дека отсега ќе може во реално време да брише коментари што се сметаат за навредливи, односно ќе може на одредено време да им забрани на корисниците коментирање. Принципот на кој што системот функционира е следниот, откако YouTube ќе го отстрани коментарот што го смета за навредлив или непримерен, за тоа го известува корисникот, а ако тој продолжи со такви коментари, како што тоа го нарекуваат во оваа компанија, ќе добие - time-out. 

Со time-out ќе добие забрана за коментирање на видеа или да учествува во четови во живо на тој видео сервис. Сите што не се согласуваат со одлуките на ботовите, може да го контактираат YouTube и да се пожалат на одлуките, односно забраните што им ги наметнал ботот.