Xiaomi потврдува дека грмотевици не може да му наштетат на телефонот

Објавено на 16.12.2022 во Новости



Xiaomi потврдува дека грмотевици не може да му наштетат на телефонот

Xiaomi го сузбива мислењето од одамна дека грмотевици може да му наштетат на вашиот телефон. Се разбира, тоа е стар мит уште од времето кога ги имавме старите жичени телефони.

Xiaomi објави видео на YouTube со хаштаг #XiaomiAcademy, со тоа што ги сузбива сите шпекулации и митови за мобилните уреди. Xiaomi користи „Tesla coil“, што претставува трансформаторско коло, и се применува за создавање на електрична енергија со ниска струја, наизменична струја. Измислено е во 1891 година од Никола Тесла. Погледнете на видеото дека може со телефонот слободно да извршувате повици и да гледате видеа без проблем. 

Автор: Aleksandar Stankov