Протечени се лажни Galaxy S23 парчиња, која е разликата во дизајнот

Објавено на 17.12.2022 во Новости



Протечени се лажни Galaxy S23 парчиња, која е разликата во дизајнот

Samsung ќе ја лансира Galaxy S23 серијата на почетокот на февруари, а сега можеме да видиме и како ќе изгледаат Galaxy S23, S23+ и S23 Ultra. 6.8 инчениот Galaxy S23 Ultra е визуелно повисок од 6.5 инчениот Galaxy S23 Plus и 6.1 инчениот Galaxy S23, и има слот за S Pen. Ultra моделот има дизајн со остри агли, додека другите два модела имаат заоблени агли.

Qualcomm Snapdragon 8 Gen 2 ќе биде многу побрз од чипот што моментално го поседува Galaxy фамилијата. Ова му овозможува на S23 семејството да стане едно од најдобрите во 2023 година. Galaxy S23 Ultra ќе биде со 200MP камера.