Moto G53 5G излезе со 120Hz екран и Snapdragon процесор за 130 долари
Објавено на 18.12.2022 во Новости
Motorola претстави многу модели за 2022 година, а еве сега го имаме и овој буџетски модел на смартфон Moto G53 со 5G конекција за интернет. Moto G53 располага со 6.5 инчен IPS LCD панел со екран од 120Hz и резолуција од 720x1600 пиксели.
Moto G53 е опремен со Snapdragon 480 Plus процесор, 128GB внатрешна меморија и 4GB/8GB RAM меморија, 50MP главен сензор на задната камера и 2MP макро сензор. Може да снима видео до 1080p со 30 фрејмови во секунда, батеријата има капацитет од 5000mAh и се полни со 18W брзина на полнење. Moto G53 е веќе лансиран во Кина, достапен е во црна и бела боја, а се очекува наскоро да излезе и глобално, за цена од 130 долари.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.